Утрински Весник
Култура

Од среда до недела „Гола месечина“

Од среда до недела „Гола месечина“

Традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи осми пат, и тоа од 15 септември (среда) до 19 септември (недела) под отворено небо во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и НУ Театар „Комедија“.

Фестивалот ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Фестивалот на комедијата и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 21 часот.

Поради ограничениот број седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни), што може да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9 до 15 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.

Во прилог видете ја програмата за годинешното издание на „Гола месечина“:

СРЕДА (15.9.2021) „Грдиот“- НУ Театар „Комедија“ – Скопје (режија: Ирена Стеријовска, играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева).

ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Чудесна терапија“ – НУ „Драмски театар“ – Скопје (режија: Димче Николовски, играат: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски)

ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ – НУ „Театар за деца и младинци“ – Скопје (режија: Хана Миленковска, играат: Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова)

САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ – НУ „Македонски народен театар“ (режија: Синиша Евтимов, играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски)

НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово (режија: Драгана Гунин, играат: Александра Михајловска, Мирослав Петковиќ, Владанка Димковска, Ангела Стојановска, Давид Илиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова и Жарко Јовановиќ)

Текстот Од среда до недела „Гола месечина“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“