Утрински Весник
Македонија

Приведена скопјанка барана со потерница

Приведена скопјанка барана со потерница

Скопјанка по која била распишана потерница била приведена од страна на полицијата.

Имено, денеска во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги ја лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје, која се барала по потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Кафе со амбасадори – дијалог за идентитет, култура и Европа

Алиу:Oбезбедена медицинска опрема вредна половина милион долари за четири болници

Се бара притвор за 14-годишник од Гостивар што си ја силувал 13-годишната сестрата