Утрински Весник
Македонија

Се бара притвор за арачиновец кој во домот криел автоматска пушка

Се бара притвор за арачиновец кој во домот криел автоматска пушка

Скопското обвинителство поведе постапка против 26-годишен жител на Арачиново кој во домот криел автоматска пушка.

„Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во својот дом држел автоматско оружје – пушка МР 40 со калибар 9мм Para, како и 16 куршуми од тој калибар. Станува збор за оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот“, информираат од Обвинителството.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, за кое постои опасност да се даде во бегство, да се обиде да ги сокрие трагите на кривичното дело или да влијае на сведоците, како и можност да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег