Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“
Img 7972

Општина Центар најави дека во наредните денови ќе ги заврши третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата „Орце Николов“. Двете фази го опфатија делот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“, до првиот влез на Министерството за одбрана.

„ Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, високо-квалитетен асфалт, реконструирани се тротарите, изведени се нови велосипедски патеки и изведено е паралелно паркирање. Поставено е ново, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, изведена е нова водоводна и атмосферска канализација, а обновена е и топлотната мрежа.

Во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветлување и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветлување. Во првата и втората фаза е поставена нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата за намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата „Орце Николов““ соопштија од општината.

Оттаму додаваат дека со завршувањето на градежните активности на овие две фази, на крајот на септември ќе започне реконструкцијата на петтата, претпоследна фаза од реконструкцијата на улицата.

Реконструкцијата на „Орце Николов“ опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули. Целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам