Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Рома со гол во 92 минута се искачи на врвот во Серија А

Рома со гол во 92 минута се искачи на врвот во Серија А
300x250 opst2

Екипата на Рома успеа да го продолжи победничкиот низ во новата сезона во Серија А. Предмалку избраниците на Жозе Мурињо (вечерва по 1.000-ти пат води една екипа во својата богата кариера) победија со 2-1 на „Олимпико“ против екипата на Сасуоло и со новите три бода се искачија на врвот на табелата.

Двајцата голмани, Руи Патрисио кај Рома, односно гостинскиот Консилји имаа по неколку успешни интервенции.

„Волчицата“ поведе на мечот, Кристанте во 37 минута ја затресе противничката мрежа.

Сепак, израмнувањето стигна во 57 минута, преку Ѓуричиќ.

Оттогаш гостите од Реџо Калабрија имаа на моменти и повеќе од играта, а во 87 минута Траоре ја погоди стативата на домашниот гол.

Казната стигна во 92 минута.

Ел Шарави по додавање на Шомуродов од работ на шеснаесетникот бие неодбранливо за голема радост на стадионот во Рим.

Со 9 бода по 3 кола и со гол разлика 9-2 Рома е на врвот на Серија А, следуваат, Милан и Наполи со послаба гол-ефект.

> Рома со гол во 92 минута се искачи на врвот во Серија А <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер