Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара разрешување на Филипче, ако до вторник не поднесе оставка до Собрание

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара разрешување на Филипче, ако до вторник не поднесе оставка до Собрание

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе дадат рок до вторник рано претпладне, Министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието. Како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден.

„ Доколку не бидат поднесени овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, секако со понудена соработка и на други пратенички групи и пратеници, врз основа на член 184 став 1 од Деловникот, ќе поднесе до Собранието Предлог Oдлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот на министерот за здравство.

Нема да поднесеме овој пат Интерпелации бидејќи не сакаме интерпелацијата да ја доживее судбината на изминатите интерпелации коишто беа поднесувани во минатот и никогаш повторно истите да не бидат точка на дневен ред, и практично да ја преполнат фиоката на господинот Талат Џафери. Нема повеќе простор кај него да ги крие и заштитува овие неспособни владини функционери.

Штом Премиерот Заев си подигрува со Собранието и не ги доставува оставките до органот кој е надлежен, органот кој ги избрал Министерот и заменик министерот, тогаш ќе одиме по оваа процедура. Мора да се обезбеди и гарантира независна истрага“ порача Мицкоски.

Според него, наместо оставка поради морални причини на министерот за здравство, имало партиски, штабски инструирана кампања на, како што рече, организирано жалење за фингираната оставка на министерот за здравство, која патем ја дал до премиерот, а не до институцијата која го избира, а тоа е Собранието. И истата таа институција ја констатира таа оставка.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја