Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч конечно влезе во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд. Него во престижната „куќа“ го внесе неговиот поранешен соиграч од Чикаго Булс, Мајкл Џордан.
Кукоч е единствениот играч во историјата кој трипати во низа освојуваше Куп на европски шампиони со Југопластика и НБА прстен со Чикаго Булс.
Освен за „биковите“, во најсилната светска кошаркарска лига Хрватот играше и за Филаделфија, Атланта и Милвоки и просечно имаше по 11,6 поени, 4,2 скока и 3,7 асистенции на меч. Беше добитник и на признанието за најдобар шести играч во НБА.
Со селекцијата на Југославија беше олимписки вицешампион во 1988 година, светски шампион во 1990 година, двапати европски шампион (1989 и 1991), а има и три златни медали со младите селекции.
Со Хрватска освои олимписко сребро, како и две европски и една светска бронза.
Заедно со Кукоч, во Куќата на славните беа примени уште кошаркарски легенди – Бил Расел како тренер, а Пол Пирс, Крис Вебер и Крис Бош како играчи.
> Тони Кукоч конечно влезе во Куќата на славните <