Утрински Весник
Свет

Такси влета на тротоар и прегази луѓе во Токио – има загинати и повредени

Такси влета на тротоар и прегази луѓе во Токио – има загинати и повредени

Две лица загинаа, а четворица се повредени, меѓу кои и едно дете, кога такси возило неочекувано удрило во тротоар во центарот на Токио.

Во инцидентот загинала 73-годишна жена, а таксистот (64) починал во болница, откако бил донесен во медицинска установа во критична состојба, објави агенцијата „Кјодо“.

Полицијата денеска соопшти дека инцидентот може да се случил поради ненадејно влошување на здравствената состојба на возачот, бидејќи копчето за итен повик било активирано во неговиот автомобил.

Таксистот соборил две лица кои возеле велосипед – маж во четириесеттите години и деветгодишна ќерка, пред да се качи на тротоарот и да удри две жени.

И патникот во таксито се здобил со сериозни повреди.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Русија

Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ

Пожарот во хемиската фабрика во Америка создаде огромен облак, евакуирани 17.000 луѓе