Утрински Весник
Свет

Србија ќе воведе ковид-сертификати за во ресторани, кафулиња и ноќни клубови

Србија ќе воведе ковид-сертификати за во ресторани, кафулиња и ноќни клубови

Србија се подготвува да воведе ковид-сертификати, изјави премиерката Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб, кој заседаваше вечерва поради влошената епидемиолошка состојба во земјата.

„ Се подготвуваме за воведување ковид-сертификати, тоа е одлуката. Сертификатите ќе бидат за места како – ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани. Тоа нема да биде за продажни места, бидејќи е нереално и неуставно” рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека државата направила се што може о борбата против коронавирусот, но дека граѓаните мора да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките.

„ Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се … Не знам што друго да кажам на таа тема”, додаде таа.

Кога станува збор за наставата, Брнабиќ рече дека децата се најбезбедни во училиштата, и дека нејзиното барање е да се смени протоколот, според кој во случај на заразување на 10% од учениците, се менува моделот на настава, така што учениците ќе одат во училиште.

Можете да прочитате

Израел ги проширува операциите во централна Газа

Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот океан

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели