Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Трамп сака да влезе во ринг со Бајден на 11 септември: Ќе го нокаутирам за неколку секунди!

Трамп сака да влезе во ринг со Бајден на 11 септември: Ќе го нокаутирам за неколку секунди!
Img 7972

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп викендов (на 20-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001) ќе се најде во необична улога на ТВ-коментатор на боксерскиот камбек на Ивандер Холифилд против поранешниот УФЦ шампион, Витор Белфорт на Флорида, и посочи дека би сакал да биде во ринг со сегашниот претседател и голем политички лидер, Џо Бајден.

На прашање со кого би влегол во рингот во сабота, 75-годишниот Трамп даде јасен одговор.

„Ако можам да изберам било кого на светот, не само професионален боксер, бидејќи од нив би бегал, тогаш е лесно. Најлесениот меч би ми бил против Џо Бајден, бидејќи би бил на подот многу бргу“, вели Трамп.

Ова беше одговор на изјавата на Бајден во 2018 година, кога изјави дека би го „претепал“ Трамп доколку двајцата се сретнале во средно школо.

„Тој би бил во големи проблеми ако тоа се случи. Бајден би бил долу во првите неколку секунди“, додава Трамп.

> Трамп сака да влезе во ринг со Бајден на 11 септември: Ќе го нокаутирам за неколку секунди! <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај