Утрински Весник
Свет

Данска од денеска ги укинува сите мерки

Данска од денеска ги укинува сите мерки

Данска од денеска ги укинува преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег што се објаснува со високото ниво на вакцинација кај населението.

Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат ковид-сертификат на кој е наведено дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или имаат негативен тест, дури и на големи настани, како што се фудбалски натпревари, или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.

Властите веќе нема да го класифицираат Ковид-19 како социјално критична болест.

Во текот на изминатите неколку месеци владата постепено ја укина обврската за носење маски и други мерки.

Ноќниот живот повторно е дозволен oд почетокот на месецот, по година и пол откако беше затворен. На почетокот, луѓето мораа да покажуваат сертификати.

Ова барање е исто така укинато и за во баровите, спортските сали и други активности.

Министерот за здравство Магнус Хејнике кон крајот на август рече дека попуштање е можно благодарение на големиот број вакцинирани.

Досега, 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.

Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство, некои ограничувања ќе останат на сила. Дали ќе биде потребен тест за влез во Данска, зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо