Утрински Весник
Свет

Се вклучија алармите поради чад на Меѓународната вселенска станица

Се вклучија алармите поради чад на Меѓународната вселенска станица

Противпожарни аларми се активирале на Меѓународната вселенска станица откако екипажот пријавил чад и мирис на запалена пластика.

Се се случило во делот од станицата познат како Ѕвезда, изграден од страна на Русите, а во тој дел има и простории за живот на астронаутите.

Оваа вселенска станица станува се постара, а во текот на годините доживеа серија дефекти, додека руски официјален претставник неодамна предупреди за застарениот хардвер и неисправните системи.

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави дека сите системи се вратени во нормала.

Чадот бил забележан при полнење на батериите, а мирисот на запалена пластика се проширил од рускиот во американскиот дел.

Меѓународната вселенска станица е изградена во 1998 година како дел од заеднички проект на Русија, САД, Канада и Јапонија, како и неколку европски земји.

Оригиналниот план беше да трае 15 години и станицата е дизајнирана според тие параметри.

 

Можете да прочитате

Над 1,5 милиони верници стигнаа на аџилак во Мека

Пад на цените на нафтата по објавата за можен договор меѓу САД и Иран

Над 900 случаи на ебола во Конго