Утрински Весник
Македонија

Меѓу загинатите во пожарот во Тетово е и здравствениот работник Ферди Шакири

Меѓу загинатите во пожарот во Тетово е и здравствениот работник Ферди Шакири

Здравствениот работник, Ферди Шакири, е еден од настраданите во стравотниот пожар што синоќа се случи во тетовската модуларна болница, каде загинаа 14 лица.

„Со длабока тага ги известуваме сите наши соработници – пациенти дека на 08.09.2021 трагично го загуби животот во синоќешниот пожар, нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, пишуваат од „Бамикор Медика“, Тетово.

Според тековните информации, Шакири бил пациент во тетовската модуларна болница, тој имал Ковид-19, но последниот тест му бил негативен и можел да ја напушти болницата. Сепак, решил да остане уште еден ден на болничко лекување, а дополнително и за да им помага на колегите. Токму тој ден се случил и пожарот, во кој Шакири го загуби животот.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?