Утрински Весник
Македонија

Народниот правобранител за трагедијата во Тетово – само ефикасна истрага ќе докаже дека функционира правната држава

Народниот правобранител за трагедијата во Тетово – само ефикасна истрага ќе  докаже дека функционира правната држава

Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.

„Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот никого не можат да го остават рамнодушен.Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број семејства“, се вели во соопштението испратено од таму.

Народниот правобранител изразува сочувство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо закрепнување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.

„Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа државата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски“, потенцира Народниот правобранител.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Рафајловски: Мицкоски има визија, но тимот не му испорачува резултати

Притвор побара Обвинителството за косовски државјанин по несреќата со четири жртви кај Скопје