Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс пресреќна од потегот на таткото за укинување на старателството

Бритни Спирс пресреќна од потегот на таткото за укинување на старателството

Откако проструи веста дека таткото на Бритни Спирс сака да го прекине спорното старателство над неговата ќерка, таа, наводно, е пресреќна.

Џејми Спирс во вторникот предаде потпишани документи во кои бара од судот во Лос Анџелес да го укине 13-годишниот конзерваторски надзор над неговата ќерка Бритни, иако некои инсајдери посочија дека овој потег е стратегија за повторно обединување со пејачката.

Имено, упатените тврдат дека ова е дел од тајна стратегија да ја врати отуѓената ќерка во својот живот, пренесуваат светските шоу-биз медиуми.

Тој дури и се согласи да го прекине надзорот над нејзиниот живот и финансии без дополнителна ментална проценка, која таа ја побара од судот во нејзиното сведочење во јуни. Бритни ова го смета за „тотална победа“, иако извори за „ТМЗ“ велат дека таа му е многу лута на својот татко.

Пејачката, исто така, наводно, сака прекинот на контроверзниот надзор да биде прва точка и во центарот на следното судско рочиште, закажано за 29 септември.

Можете да прочитате

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција

Истражување – кои се најлошите возачи во Европа