Утрински Весник
Свет

Драма на бензинска во Бристол-маж вооружен со нож го држи во заложништво персоналот, има повредени

Драма на бензинска во Бристол-маж вооружен со нож го држи во заложништво персоналот, има повредени

Маж вооружен со нож држи заложник вработен во бензинска пумпа во Бристол.

Тој како што јавуваат медиумите, се наоѓа во продавницата, додека другите работници се во друга просторија.

Британските медиуми јавуваат дека едно лице е повредено во конфликтот со напаѓачот и дека е префрлено во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата е на лице место, а преговарач пристигнал да разговара со напаѓачот.

Според непотврдени информации, едно рането лице е пренесено во болница со брза помош.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД