Утрински Весник
Македонија

Дванаесет пациенти го преживеале пожарот во Тетово

Дванаесет пациенти го преживеале пожарот во Тетово

Во ковид – центарот во Тетово за време на пожарот кој избувна синоќа имало 26 пациенти, од кои 14 загинаа, а останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност, информира Министерството за здравство.

Од таму потврдија дека нема настрадани здравствени лица, а неколкумина од нив се со полесни повреди.

„Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Македонците не веруваат во домашните медиуми

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор

Ограбена златара во Тетово – 24info.mk