Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги откажа сите настани поради пожарот во Тетово

Пендаровски ги откажа сите настани поради пожарот во Тетово

Претседателот, Стево Пендаровски, ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот во модуларната болница во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 14 лица.

Пендаровски изрази сочувство до семејствата.

„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.

Во пожарот кој избувна синоќа околу 21 часот и во кој целосно изгоре ковид – центарот во Тетово загинаа најмалку 14 лица. Според првичните сознанија на обвинителството, меѓу жртвите нема медицински песронал. Причините за пожарот се утврдуваат.

Можете да прочитате

Приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола, од кои 5 малолетници

Наставник од Битола цела година предавал на ученици без да знае дека добил отказ

Инцидент во дом деца во Центар: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете