Утрински Весник
Македонија

Институтот за јавно здравје ќе биде надлежен за безбедно складирање на радиоактивен отпад

Институтот за јавно здравје ќе биде надлежен за безбедно складирање на радиоактивен отпад
Dik 300x250 mk

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.

Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.

Во предлог-законот се предвидува како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за јавно здравје како најстручна и најсоодветна институција во оваа област.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со локални врнежи

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет