Утрински Весник
Македонија

Културен хепенинг под мотото ,,Да не се заборави” во Бутел по повод 8 Септември

IMG
Како дел од планираните настани за чествување на големиот празник 8 Септември и 30те години независност во слободна Република Северна Македонија, денес, заедно со членовите на Здружението на уметници – ракотворци ,,АРТИ КРАФТ” од Скопје, го реализиравме настанот кој што се одржа под мотото ,,Да не се заборави”.
Овој културен хепенинг се одржа пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, во форма на ЕТНО БАЗАР, со посвета и во сеќавање на македонските везилки кои се бореле со иглата и конецот во зачувувањето и опстојувањето на нашите корени, на нашата македонска култура и традиција.
Низ богата програма, пред бутелчани и сите останати заинтересирани се претставија петнаесетина уметници – ракотворци, мајстори на стари занаети, афирмирани уметници, но и млади таленти.
Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учесниците и им се заблагодари за долгогодишната соработка, за споделените искуства и за подготвеноста на уметниците да придонесат во разнообразноста на културното живеење на нашата Општина.

Можете да прочитате

Петровска: Две години нема зголемување на платите во одбраната, а Владата зборува за историски успеси

Николовски: Срамно е вицепремиер задолжен за борба против корупцијата два месеци да не работи

Николовски: Трипуновски мора да си замине – земјоделството е во хаос, а институциите се разнишани од корупциски скандали