Утрински Весник
Свет

Меркел со критики кон нејзиниот заменик Олаф Шолц: Ние не сме заморчиња

Меркел со критики кон нејзиниот заменик Олаф Шолц: Ние не сме заморчиња

Германската канцеларка Ангела Меркел јавно ги критикуваше коментарите на нејзиниот заменик Олаф Шолц, кој ги спореди луѓето вакцинирани против Ковид-19 со заморчиња.

Во денешниот говор Меркел не се согласи со пораките на Шолц и рече дека ниту тој, ниту таа, ниту некој друг, не се заморчиња во примената на целосно тестирани и одобрени вакцини во Германија, пренесува АП.

Вицеканцеларот Шолц, кандидатот на Социјалдемократите (СПД), кој според анкетите води пред изборите во Германија на 26 септември, неодамна рече дека целосно вакцинираните луѓе се заморчиња за оние кои досега не биле вакцинирани, и додаде дека тој е имунизиран и дека другите треба да го следат.

Можете да прочитате

Истражувач за ВИ напушти две компании со оценка дека ВИ може да биде опасна по животите на луѓето

Барнам за забраната за увоз од израелските населби: Велика Британија секогаш ќе биде на страната на послабиот

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина