Утрински Весник
Македонија

Родителите и старателите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца

Родителите и старателите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца

Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк.

Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.

Дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.

Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видео упатства за родителите/старателите се објавени на страницата https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства. Дополнително одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош