Од утре до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски). При влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан Ковид-19 за сите лица над 18 години.
Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години, билетот чини 20 денари.
Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.
Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.
На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%.
Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Текстот Утре почнува Саемот на книга е превземен од МАКФАКС.