Утрински Весник
Македонија

Приведен жител на Лојане за криумчарење мигранти

290 казни за брзо возење

Полицијата приведе 35-годишен жител на Лојане осомничен за криумчарење мигранти.

Според информациите на МВР, вчера на автопатот Куманово-Табановце полициски службеници го привеле А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени тројца мигранти од Куба.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Нудиме 10 илјади нови можности за вработување и иднина во татковината

Кривична пријав против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“

ЛДП: Посетата на Кошта е сигнал дека е време за државнички пристап кон европската интеграција на Македонија