Утрински Весник
Магазин

Ѕвездите на Girls Aloud ѝ оддадоа почест на починатата Сара Хардинг

Ѕвездите на Girls Aloud ѝ оддадоа почест на починатата Сара Хардинг

Никола Робертс и Нејдин Којл ѝ оддадоа почит на нивната поранешна колешка од бендот Girls Aloud, Сара Хардинг, по нејзината смрт.

„Не можам да прифатам дека дојде овој ден“, напиша Робертс, која сподели заеднички фотографии од нив.

„Моето срце боли и цел ден ми се тркала низ умот сè што поминавме заедно“.

„Особено оваа, изминатава година од нејзината дијагноза, колку и да беше тешка годинава, нашите нови спомени се силни во моето срце.“

Хардинг почина во неделата наутро на 39-годишна возраст, потврди нејзината мајка во објава на Инстаграм.

„Многумина од вас знаат за борбата на Сара со ракот и како таа се бореше со болеста до последниот ден. Почина денес наутро. Таа беше ѕвезда која силно сјаеше, и се надеваме дека токму таква ќе ја паметат“, напиша мајката на пејачката.

Во август 2020 година на Хардинг ѝ бил дијагностициран рак на дојка, кој подоцна се проширил на другите делови од телото.

Можете да прочитате

Француски научници тврдат дека создале нов облик на мраз со топлина од над 2.300 степени

Со три утрински навики до помал стрес во текот на денот

Во Јапонија воведуваат Итна помош за хуманоидни роботи на кои ќе им се „слоши“