Утрински Весник
Култура

Кино на трева во Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров

Кино на трева во Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров

На 9 септември МКЦ почнува филмска офанзива со кино на трева.

„Го испраќаме летото со кино под отворено небо на повеќе локации низ Скопје, и тоа: населбите Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров“, велат од МКЦ.

Програма и распоред во продолжение:

9 септември (четврток) | локација: Дом на култура, населба Илинден 20:00 | „The Specials“ („Посебни“), режија: Olivier Nakache

10 септември (петок) | локација: Три Круши, населба Драчево 20:00 | „The Whistlers“ („Свиркачите“), режија: Corneliu Porumboiu

11 септември (сабота) | локација: парк Ѓорче Петров 20:00 | „The Beach Bum“ („Скитникот од плажата“), режија: Harmony Korine

12 септември (недела) | локација: Дом на култура „11 октомври“, населба Ченто 20:00 | „Bye Bye Morons” („Збогум морони“), режија: Albert Dupontel

18 септември (сабота) | локација: парк кај маркет Тинекс, населба Карпош 3 20:00 | „Spy cat“ („Светот на Марни“), режија: Christoph Lauenstein (синхронизиран на македонски јазик)

19 септември (недела) | локација: Влае плоштад 20:00 | „Terra Willy“ („Тера Вили“), режија: Eric Tosti (синхронизиран на македонски јазик)

Проекциите се бесплатни и ќе се реализираат по принципот прв дојден – прв услужен.

Од МЦ велат дека настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки за организирање настани во отворен простор. Во случај на дожд, проекциите ќе бидат презакажани.

Текстот Кино на трева во Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“