Утрински Весник
Свет

Нови правила за влез во Албанија

Нови правила за влез во Албанија

Во Албанија од денеска стапија на сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат влез во земјата со негативен тест не постар од 72 часа, сертификат за вакцинација со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, брз антиген тест не постар од 48 часа, или потврда за прележан коронавирус, пренесува ABC Albania.

Овие правила важат и за патниците што минуваат низ Албанија. Само децата до шест години се ослободени од мерките.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во 10-дневен карантин.

Во Албанија на сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.

Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“