Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради генерална проба за Денот на независноста

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради генерална проба за Денот на независноста
300x250 opst2

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 8 септември ќе се одржи централната прослава „30 години независност“.

Поради генерална проба за настанот, денеска (5 септември), од 07.30 до 12.30 и од 15.30 до 20.00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: булеварот Кочо Рацин на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Кирил и Методиј. Улицата 11 Октомври на потег од улицата Крушевска Република до улицата Димитрие Чуповски. Улицата Филип Втори на потег од булеварот Гоце Делчев до улицата 11 Октомври.

Кеј 13 Ноември на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин. Улицата Мирче Ацев на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин.

Улицата Димитрија Чуповски на потег од порта Македонија до булеварот Климент Охридски и улицата Даме Груев од крстосницата со улицата Македонија до улицата 11-ти Октомври.

Сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници.

Можете да прочитате

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци

Зголемен број млади со симптоми на труење по консумирање храна во сендвичарница во Штип