Утрински Весник
Свет

Во Јужна Австралија заразените ќе се следат со апликација, на службите ќе треба да им испраќаат и слики како доказ

Во Јужна Австралија заразените ќе се следат со апликација, на службите ќе треба да им испраќаат и слики како доказ

Владата во Австралија тестира нова апликација која ќе користи технологија за препознавање лица и геолокација за да се осигура дека заразените со коронавирус ги почитуваат правилата за карантин.

Според локалните медиуми, апликацијата наречена „Home Quarantine SA“ ќе се користи во Јужна Австралија, една од австралиските сојузни држави, за да се следат оние што биле ставени во карантин поради инфекција со коронавирус.

Сите жители на Јужна Австралија на кои им е пропишан карантин ќе треба да ја преземат апликацијата на својот мобилен телефон. Државата потоа, во случајно избрано време, ќе испрати текстуална порака и лицето ќе треба да докаже дека е на локацијата каде што треба да биде во изолација.

Конкрето граѓаните во карантин ќе добијат порака од државата со властите да ја споделат својата локација преку апликацијата, но и да се фотографираат на адресата што ја пријавиле како локација на изолација, во рок од 15 минути по добивањето на пораката.

Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, за Еј -би -си изјави дека луѓето во карантин нема да знаат кога и колку често ќе примаат вакви пораки, додавајќи дека ќе ги примаат во случајно одбрани термини.

Луѓето кои нема да одговараат на пораката со фотографија, наскоро ќе добијат телефонски повик и прашани зошто не одговориле, а доколку не одговорат на повикот, полиција ќе биде испратена на нивна адреса.

Пробната употреба на апликацијата започна на 23 август со 50 учесници, но премиерот Маршал потврди дека се планира воведување низ цела Јужна Австралија.

Американскиот „Атлантик“ водедувањето на ваквата опликација го опиша како „орвелско ниво на контрола“.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година