Утрински Весник
Свет

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Њујорк, расте бројот на жртви

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Њујорк, расте бројот на жртви

Расте бројот на жртви од поплавите во Њујорк и Њу Џерси. Најмалку 23 лица загинаа, а стотици беа евакуирани од метрото.

Областа на Њујорк утрово беше поплавена, откако рекордниот дожд што падна предизвикан од ураганот „Ида“ остави зад себе смрт и материјална штета во неколку американски федерални држави.

Повеќе од 200.000 домови во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија останаа без електрична енергија, а вонредна состојба беше прогласена во целиот регион. Стотици летови беа откажани на аеродромите.

https://www.youtube.com/watch?v=tEPUHpN-sco

Итните служби имаа полни раце работа за да ги спасат луѓето заглавени од поплавените куќи и покривите на автомобилите.

https://www.youtube.com/watch?v=IGIW-o5C0lI

Поплавата што го погоди Њујорк и околината ги собори рекордите поставени од тропската бура „Хенри“ пред само 11 дена.

Метеоролозите најавуваат дека честите силни бури ќе бидат нова нормалност – потоплиот воздух задржува повеќе вода и овозможува бурите да соберат сила побрзо и да станат поголеми.

 

Можете да прочитате

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе

Напад на Парадата на гордоста во Берлин, едно лице загина