Утрински Весник
Македонија

Ѓорчев до Царовска: Испечатете нови учебници и купете нови компјутери за децата

Ѓорчев до Царовска: Испечатете нови учебници и купете нови компјутери за децата
Dik 300x250 mk

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ до министерката за образование, Мила Царовска порача дека е срамота децата да учат од стари распарталени учебници испечатени пред 6, 7 или 8 години од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, учебната година почнува со хаос како никогаш досега во македонската историја.

„Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни. Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави“, рече Ѓорчев.

Тој го повтори ставот на опозициската партија дека Царовска треба да си поднесе оставка.

Можете да прочитате

Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“: Млад возач се судри со „сканија“