Утрински Весник
Свет

Најмалку 50 деца починаа од треска во Индија

Најмалку 50 деца починаа од треска во Индија

Веќе една недела, деца во некои делови на индиската држава Утар Прадеш се будат со висока температура, облеани во пот.

Многу од нив се жалат на болки во зглобовите, главоболки, дехидрација и гадење. Во некои случаи, пријавен е осип што се проширува по рацете и нозете.

Најмалку 50 луѓе, претежно деца, починаа од треска, а стотици се примени во болница во шест области во источниот дел на Утар Прадеш. Сите биле тестирани за Ковид-19, но ниту еден не бил позитивен.

Лекарите од неколку погодени области веруваат дека главната причина за смртноста е т.н. денга грозница, вирусна инфекција која се шири со каснување од комарец, наведува Би -би -си.

Се вели дека кај многу хоспитализирани пациенти измерен е низок број на тромбоцити, крвни зрнца кои помагаат во згрутчување на крвта, што е карактеристично за потешка форма на денга.

„Пациентите, особено децата, умираат многу брзо во болниците“, изјави за Би -би -си, Нита Кулшрешта, раководителка на здравствениот систем во областа Фирозабад, каде минатата недела починаа 40 луѓе, меѓу кои 32 деца.

Денга треската е тропска болест која ја пренесуваат женските комарци и циркулира во Индија стотици години. Повеќе од 70% од случаите на денга се регистрирани во Азија.

Постојат четири денга вируси, а смртта од инфекција е пет пати поголема кај децата отколку кај возрасните.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година