Утрински Весник
Спорт

Македонија ја пречекува Ерменија – Селекторско деби за Милевски

Македонија ја пречекува Ерменија – Селекторско деби за Милевски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја продолжува борбата за пласман на Светското првенство во Катар. Во рамките на четвртото коло, во Групата Ј, на Македонија ќе и гостува лидерот Ерменија.

Дуелот со Ерменија ќе биде дебитански за новиот селектор Благоја Милевски, која на клупата го наследи Игор Ангеловски. Исто така од овој меч Македонија ќе настапува без легендата Горан Пандев. Гоче се повлече од националниот тим по завршувањето на Европското првенство.

За очекување е лидерската улога на теренот, што ја имаше Пандев, да ја преземе Елиф Елмас. Исто така, во нападот се очекува да започне Адис Јаховиќ, кој поради недоразбирањата со претходниот селектор не играше за репрезентацијата.

Ерменците во Скопје допатуваа во најсилниот состав, предводени од Хенрик Мхитаријан, кој не играше во првите три натпреври.

Ерменија, изненадувачки, со три победи ја предводи Ј-групата. По две победи и пораз имаат Македонија и Германија, Романија и Исланд забележаа победа и два порази, додека аутсајдерот Лихтенштајн ги запиша сите три порази.

По дуелот со Ерменија, Македонија ја очекува гостувањето во Рејкјавик, кај Исланд на 5.септември, а потоа и натпреварот со Романија во Скопје на 8.септември.

Фото/ ffm.mk

> Македонија ја пречекува Ерменија – Селекторско деби за Милевски <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028