Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 30 степени

Сончево време со температура до 30 степени

Вемето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре и задутре ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи.

Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

Можете да прочитате

ОЈО поведе постапка за лажните возачки, се бара притвор за три лица

Утрово загина млад македонски фудбалер

30 и 35 години независност: Неверојатна разлика и во парите и во транспарентноста