Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Кофод: Северна Македонија продолжува да работи на домашната реформска агенда

Пендаровски-Кофод: Северна Македонија продолжува да работи на домашната реформска агенда

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јепе Кофод, министер за надворешни работи на Кралството Данска, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

Соговорниците на средбата констатираа дека двете држави во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази интерес за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Пендаровски и министерот Кофод ја истакнаа и потребата за подобрување на економската соработка и трговската размена.

На средбата се разговараше за процесот на проширување на Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда, со фокус на владеење на правото, јакнење на ефикасноста и непристрасноста на судството и борбата против корупцијата.

Соговорниците разговараа и за безбедносната состојба во Авганистан, како и за одлуката на Северна Македонија да прифати авганистански цивили.

На средбата претседателот Пендаровски му се заблагодари на министерот за донираните вакцини за заштита од Ковид-19.

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата