Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања

(Видео) Мицкоски: На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања

На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања, многу нови проекти, решенија за акутните проблеми на граѓаните и чесни кадри кои ќе покажат како се работи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека очекува победа во најголем дел од општините.

„Работењето на градоначалниците да биде репер и за оние кои менаџираат институции на државно ниво иако јас се надевам дека после овие локални избори ќе имаме многу брзо нова влада која ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата коишто се за жал акутна појава во македонското општество“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да води позитивна кампања. „Не планираме да се занимаваме со тоа колку градоначаниците на СДСМ и ДУИ се лоши, бидејќи тоа граѓаните го знаат и нема што ново да кажуваме тоа е исто како да зборуваме за минатогодишниот снег“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Прекината потрагата по 16-годишното дете во Вардар

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Сиљановска-Давкова за преименувањето улици во Тетово: Ќе се реши така како што треба – граѓански, инклузивно, со консензус