Утрински Весник
Македонија

Љупчо Јаневски кандидат за градоначалник на ДОМ и ЛДП за општина Ѓорче Петров

Љупчо Јаневски кандидат за градоначалник на ДОМ и ЛДП за општина Ѓорче Петров

Граѓанското движење на ДОМ и ЛДП денеска во паркот во општината Ѓорче Петров го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Љупчо Јаневски.

Целта на граѓанското движење е, како што велат од таму, општините да ги направи вистински дом на сите луѓе.

„Нашата визија е за оддежлив зелен развој на секоја општина, ставајки крај на бетонизирањето на јавниот простор. На сите нас ни е потребен чист воздух, чиста вода за здрав и квалитетен живот“, истакна претседателката на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин.

Јаневски нагласи дека како кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров нуди програма за прва зелена општина во нашата земја.

Како што кажа тој, дел од Зелениот план за Ѓорче содржи:

– урбано хумано планирање
– три нови паркови
– паркови за домашни миленичиња
– велосипетски паркинзи
– велосипетски патеки
– инвестиции во зелена економија
– дигитализација на општината
– хоризонтални зелени sидови
– мерни станици за аеро загадување
– отворена општина за младите
– развој на руралниот туризам

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени