Утрински Весник
Македонија

Ситуацијата се стабилизира, денеска има под 900 новозаболени, рече Филипче

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати

Трендот на намалување на бројот на новозаболени кој почна минатата недела, продолжуваа и оваа. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека се намалува факторот на преносливост на вирусот што укажува дека бројките ќе се намалуваат.

„Р- факторот на преносливост е намален на 0,9. Искуството од претходните бранови ни покажа дека прво се намалува факторот на преносливост, па потоа почнуваат да паѓаат бројките и да се намалува притисокот во болниците. Денес бројките се под 900, имаме 880 нови случаи“, рече министерот Филипче.

За големата смртност на пациентите тој, како и многупати досега, кажа дека најголем број од починатите се невакцинирани, а имале и претходни заболувања на кардиоваскуларниот систем белите дробови, долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат во болница со лоши параметри и многу ниска сатурација.

Починатите кои биле вакциирани, пак, министерот Филипче тврди дека имале претходни заболувања како карцином, нерегулиран дијабет или хируршки интервенции.

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана