Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ако се влоши состојбата, имаме две резервни сценарија за учебната година

Филипче: Ако се влоши состојбата, имаме две резервни сценарија за учебната година

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Тој додава дека здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното и дека земјата учебната година ја започнува со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот.

Филипче уверува дека наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи.

„Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени.Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности“, напиша Филипче.

Тој апелира родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болеста.

Можете да прочитате

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ