Утрински Весник
Спорт

Руски хокеарски клуб се откажува од чирлидерките поради „љубоморните“ сопруги

Руски хокеарски клуб се откажува од чирлидерките поради „љубоморните“ сопруги

Рускиот хокарски клуб АК Барс од Казањ, Татарстан, е под притисок на јавноста откако објавија дека го „распуштаат“ тимот на чирлидерки за да може да се промовира „семејна атмосфера“ на хокеарските натпревари, но една од чирлидерките објаснува дека им било кажано дека сопругите на хокеарите станале љубоморни.

АК Барс потврди дека новата сезона од Континенталата хокеарска лига (КХЛ) ќе ја започнат без својата танчерска група „Ангелите на Барс“

„Кога им кажавме на девојките, секако, беа разочарани, но ќе се сретнеме со нив и ќе им дадеме некои скапи подароци“, изјавија од клубот за „Меч ТВ“.

Ригина Бариева, поранешната лидерка на „Ангелите на Барс“ вели дека одлуката е донесена за да се смират страстите кај хокеарите.

„Нивната причина е дека туѓите жени не реагираат добро на убави девојки. Затоа клубот реши целосно да ја укинат групата“, изјави Бариева.

View this post on Instagram

A post shared by @barsangels_kazan

View this post on Instagram

A post shared by @barsangels_kazan

View this post on Instagram

A post shared by @barsangels_kazan

View this post on Instagram

A post shared by @barsangels_kazan

View this post on Instagram

A post shared by Rigina Barieva ? (@riginabarieva)

> Руски хокеарски клуб се откажува од чирлидерките поради „љубоморните“ сопруги <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ