Утрински Весник
Македонија

Шефот на грчката дипломатија доаѓа во Скопје

Шефот на грчката дипломатија доаѓа во Скопје

Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека министерот Бујар Османи утре ќе биде домаќин на својот колега од Грција, Никос Дендијас, кој доаѓа во официјална посета на земјава.

„Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратешко партнерство.

Предвидено е министрите да дискутираат за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан.

Во делот на билатералната соработка, фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот, како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција“, се наведува во соопштението од МНР.

За време на посетата, министерот Дендијас ќе оствари средби и со највисоките претставници на нашата држава.

Можете да прочитате

Квалитетот на водата на „Езеро Младост“ полош од лани, итно да реализираат одамна донесени мерки за спас на езерото

Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта нема нема стратегија за заштита на животниот стандард