Утрински Весник
Свет

Албанија го враќа полицискиот час и најави задолжителна вакцинација за некои граѓани

Албанија го враќа полицискиот час и најави задолжителна вакцинација за некои граѓани

Нови мерки за борба против коронавирусот ќе бидат воведени во Албанија од 1 септември, објави денеска Техничкиот комитет на експерти.

Новите мерки вклучуваат повторно воведување на полициски час од 23 часот до 6 часот наутро, пренесува порталот „Егзит“.

За да влезете во Албанија од 6 септември ќе ви треба сертификат за вакцинација или ПЦР тест не постар од 72 часа, или потврда за прележан Ковид-19 не постара од шест месеци, пишува „Еј-би-си њуз Албанија“.

Како што е наведено, оние што немаат еден од тие три сертификати ќе одат во 10-дневен карантин.

Заменичката на албанскиот министер за здравство, Мира Ракацољи, исто така рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, студентите и наставниците кои ќе треба да се вакцинираат до 30 септември.

„Ве молиме, спроведете ги мерките како што препорачавме“, апелираше таа.

Можете да прочитате

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа

ЕУ нема да попушти по прашањето за Гренланд, порача Калас