Утрински Весник
Спорт

ПСЖ не пушта Мбапе во Реал

ПСЖ не пушта Мбапе во Реал

Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ и оваа сезона. „Марка“, тврди дека ПСЖ ја одбиле понудата од 170 милиони евра, плус 10 милиони евра преку бонуси. За „светците“ понудата била навредлива, а Реал немале намера да испратат нова.

Преодниот рок во Шпанија трае до 2.септември, Реал може да го реализира трансферот на Мбапе само доколку понуди преку 200 милиони евра. Тешко дека вакво сценарио ќе може да биде реализирано. Реал, односно Флорентино Перез, ќе почекаат уште една сезона, а потоа ќе можат бесплатно да го донесат францускиот репрезентативец.

ПСЖ од друга страна се надеваат дека ќе успеат да го убедат Мбапе да потпише нов договор. Спортскиот директор, Леонардо, смета дека кога ќе успее да воспостави партнерство со Меси и Нејмар, напаѓачот самиот ќе побара да остане во Париз.

Килијан Мбапе е играч на ПСЖ од 2018 година, за „светците“ има одиграно 175 натпревари, на кои постигнал 135 голови и забележал 63 асистенции.

> ПСЖ не пушта Мбапе во Реал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина