Утрински Весник
Свет

Од Македонија се најголем дел од повратниците кои го „увезуваат“ коронавирусот во Австрија

Од Македонија се најголем дел од повратниците кои го „увезуваат“ коронавирусот во Австрија
Dik 300x250 mk

Според податоците oд австриската Агенција за храна и безбедност (AGES), повеќе од две третини од заразените повратници од одмор, го донеле вирусот во Австрија од Западен Балкан, пренесува српскиот портал „Дневник“.

Најголем број на „увезени“ случаи се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477.

Косово исто така предничи на листата со зголемување на бројот на „увезени“ случаи од 253 на 799.

Следува Турција, од каде 662 случаи биле „увезени“ во Австрија.

Меѓи водечките земји на оваа листа се и Хрватска со 683 случаи, а и од Србија има зголемен број на „увезени“ инфекции.

Во 31 -та календарска недела во Австрија беа регистрирани 5.888 инфекции со корона, а во 32. недела веќе имаше 8.113, од кои околу 40 проценти отпаѓаат на повратници од одмор.

Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците