Утрински Весник
Спорт

Малолетна девојка го обвини Рубен Семедо за силување

Малолетна девојка го обвини Рубен Семедо за силување

Малолетна девојка поднела пријава за силување против фудбалерот на Олимпијакос, Рубен Семедо. Грчката полиција, по примената пријава, го уапсила репрезентативецот на Португалија.

Неименуваната 17-годишна девојка, во пријавата навела дека во неделата, на 29.август, дека со фудбалерот се запознала во еден бар на плажа во Оропос. Откако ја испијанил тој ја однел во својот дом каде ја силувал.

Девојката во присуство на родителите ја поднела пријавата за силување.

Ова е втор ваков случај во само неколку дена. Претходно, англиската полиција го уапси левиот бек на Манчестер сити, Бенжаман Менди. Пријави за силување против него поднеле четири девојки.

> Малолетна девојка го обвини Рубен Семедо за силување <

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула