Вилјареал беа на чекор до изненадувачка 2:1 победа над актуелниот шпански шампион, Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ пред да си постигнат смешен автогол во 95. минута за 2:2 реми, нивно трето едноподруго на стартот на сезоната.
Во физички дуел на две екипи кои се ценат по својата цврстина, гостите први дојдоа во водство преку Мануел Трингуерос во 52. минута од мечот, но Атлетико веднаш одговори со првиот гол на Луис Суарез оваа сезона по асистенција на одличниот Анхел Кореа.
Во 74. минута, кога по една невообичаено лоша интервенција на цела одбрана на Атлетико, најскапото засилување во историјата на Вилјареал, Холанѓанецот Арнаут Данџума успеа да постигне убав гол за водство на гостите. Овој резултат беше актуелен до 95. минута, кога Аиса Менди си постигна спектакуларен автогол за да им подарат поен на домаќините.
Insólito el gol en contra de Villarreal a los 95 para darle el empate al Atlético de Madrid
— Leandro Barraza ⑩ (@LeandroBarrazaB) August 29, 2021
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));
> Вилјареал со смешен автогол во 95. минута пропуштија победа кај Атлетико <