Утрински Весник
Свет

Авганистанка се породи во авион за време на лет за евакуација

Авганистанка се породи во авион за време на лет за евакуација

Авганистанката Соман Нори (26) роди здраво девојче за време на летот за евакуација од Авганистан на „Туркиш ерлајнс“.

Турската национална авиокомпанија синоќа соопшти дека Соман Нори се породила по паузата во Дубаи, на надморска височина од 10.000 метри во воздушниот простор на Кувајт.

Кабинскиот екипаж кој помогна во породувањето го нарече девојчето Хавва. Со овој лет биле евакуирани Авганистанците кои работеле за Велика Британија.

Откако трудницата почувствувала породилни болки, екипажот помогнал при породувањето во согласност со нивната обука, со оглед на тоа што во авионот немало доктор.

По слетувањето во Кувајт како мерка на претпазливост, авионот го продолжил патувањето за Бирмингем, Англија, а во него биле и бебето и неговото семејство, јавува агенцијата „Анадолија“.

Можете да прочитате

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините

Повеќе бродови поминале низ Ормуската Теснина и покрај обновените тензии на Блискиот Исток