Утрински Весник
Свет

Бајден: Нов терористички напад во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа

Бајден: Нов терористички напад во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател, Џо Бајден, вечерва изјави дека нов терористички напад во Авганистан е многу веројатно да се случи во следните 24 до 36 часа.

„Ситуацијата на терен сѐ уште е многу опасна, а заканата од терористички напади на аеродромот во Кабул остана голема. Нашите команданти ме информираа дека најверојатно ќе има напад во следните 24 до 36 часа“, рече Бајден.

Тој додаде дека утрово се сретнал со тимот за национална безбедност во Вашингтон и одржал разговор со командантите на терен.

„Разговаравме за нападот извршен од американските сили против терористичката група ИСИС во Авганистан. Реков дека ќе ја нападнеме групата одговорна за терористичкиот напад врз нашите војници и невини цивили во Кабул, и го направивме тоа“, изјави Бајден.

Тој рече дека нападот врз ИСИС не е последен и дека САД ќе го фатат секое лице вклучено во терористичкиот напад што се случи завчера.

Можете да прочитате

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови

Јамајка погодена од ураган со рекордна сила, Старлинк нуди бесплатен интернет за помош

Извештај: За 1,5 година се обиделе да се самоубијат 279 израелски војници