Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Дуровиќ-Чекиќ: Пад на невработеноста на историски најниско ниво од 16 отсто

Дуровиќ-Чекиќ: Пад на невработеноста на историски најниско ниво од 16 отсто
Img 7972

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто, истакна Размена Дуровиќ – Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ.

Како што посочи, економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, а кономијата излегува од кризата витална, развојна и динамична.

„Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското произвдството од 9,5 отсто. Извозот на стоки во периодот јануари јуни годинава е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто. Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст. Уште една потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата оваа година ќе излезе од криза и ќе забележи раст на БДП од 3,7 отсто. Како двигатели на растот се наведени здравото закрепнување на странската потрошувачка и на приватната потрошувачка, што се должи на владините мерки за поддршка на стопанството“, рече Дуровиќ – Чекиќ.

Додаде дека задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата е од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

 

Можете да прочитате

Се одржа 55. сесија на Клубот на истражувачите на НБРМ

На кванташки во Струмица лут пипер 30 – 40 денари, на пазарот во Ѓорче 100 денари

Министерот Дурмши во Тетово: Реални можности за зајакнување на жените и младите