Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Само средношколците од Тетово и Гостивар со онлајн настава, другите со физичко присуство

Само средношколците од Тетово и Гостивар со онлајн настава, другите со физичко присуство
Img 7972

Тетово и Гостивар ќе ја почнат новата учебна година онлајн, поради состојбата со коронавирусот. Мерката ќе важи две недели само за средните училишта во овие градови.

За другите, од 1 септември наставата во основните и средните училишта ќе почне со физичко присуство, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.

Од владејачкиот СДСМ утрово велат дека од исклучителна важност е целосното почитување на протоколите за настава со физичко присуство, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје.

„Во моментот Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји. Дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа укажува на високата свесност на наставниците за вакцинацијата, а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80%.“, наведуваат од СДСМ.

Исклучоци од физичка настава се предвидени за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.

Во случај на промени во епидемиолошката состојба, образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно.

 

Можете да прочитате

Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина

Кирил Џајковски, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Се радувам што филмската музика добива заслужено внимание